Иранскиот ајатолах му се закани на Западот

Иранскиот верски врховен лидер ајатолахот Али Каменеи денеска изјави дека Техеран ќе одговори грубо на секоја, како што вели „ неосодветна мерка“ што ќе ја преземат западните земји против Иран поврзанo со наводниот заговор за атентант на сирискиот амбасадор во Вашингтон. Каменеи додаде дека иранската нација ќе се спротивстави на секоја неосодветна мерка против Иран без разлика дали е политичка или е поврзана со безбедноста. Техеран ги отфрли американските обвиненија дека иранската разузнавачка служба е поврзана со осомничените мажи кои планирале атентат на саудискиот амбасадор.