КФОР бара отстранување на блокадите во Северно Косово

Командантот на КФОР во Косово Генерал Ерхард Древс ги повика денеска локалните Срби во северниот дел на Косово да ги отстранат барикадите на премините. Во соопштението на КФОР е наведно дека блокадите на Јариње и Брњак треба безусловно да се отстранат затоа што така ќе се осигура безбедноста на луѓето, ќе се овозможи слободен пристап на службите за итни случаи и ЕУЛЕК и КФОР ќе можат слободни да се движат низ патиштата. Генералот денеска се сретна со претставници на општините во тој регион.