Ирански режисер осуден на 6 години казна затвор

Апелационот суд во Техеран ја потврди 6-годишната казна затвор за иранскиот режисер Џафар Панахи и забраната за патување и снимање филмови. Семејството на Панахи соопшти дека предсудата е донесена пред две недели но се уште не е спроведена. Режисерот е осуден поради документарецот за немирите што се случија по спорниот реизбор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Панахи има освоено неколку награди за неговите филмови но многу од нив се забранети во Иран поради сатиричниот портрет на секодневниот живот во Иран.