Судири на демостранти со полиција во Јемен

Јеменската полиција отворила оган денеска врз демонстрантите кои во главниот град бараат симнување на претседателот Али Абдула Салех од власт, при што загинале најмалку 6 луѓе, јавуваат новинските агенции. До судирот дошло откако полицијaта пробала да ги растури протестите во кои учествувале стотици илјади луѓе. Активисти ги повикале демострантите да маршираат на плоштадот во обид да стават крај на долгогодишниот режим. Салех одбива да се симне од фукцијата и покрај барањата на западните и соседните земји.