Г - 20: Банките треба да имаат доволно капитал

Министрите за финансии на Групата 20 на најголемите светски економии денеска на вториот ден од состанокот во Париз ќе се обврзат дека Банките имаат доволно капитал и пристап кон фондовите. Ова ке биде ставено во коминикето од состанокот посветен на изнаоѓање излез од должничка криза на евро-зоната.
Од лидерите на еврозоната пак се очекува на самитот на 23 Октомври да превземат чекори за засилување на фондот на спас на зоната, се вели во нацрт коминикето доставено до медиумите. Состанокот се одвива во услови на загриженост дека должничката криза од Грција наскоро би можеле да се прошири во високо задолжените Италија и Шпанија и да се создаде глобалната економска криза.