Денови на Македонска култура во Русија

Russia - monument to Minin and Pozharsky ,Moskow, the Red Square

Во престижниот Конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Москва вечер свечено ќе биде отворена манифестацијата „Денови на македонската култура во Русија“. Во Москва и во Санкт Петербург до 18 октомври ќе бидат претставени сегменти од музичкото, ликовното, филмското и сценското творештво во Македонија.
Манифестацијата вечер ќе ги отвори министерката за култура Елизабета Кнческа-Милевска, а потоа пред руската публика концерт ќе одржи Московската филхармонија, на кој солисти ќе бидат македонските оперски уметници Ана и Игор Дурловски и Благој Нацоски.