Освои го Вол Стрит - Завземи го Скопскиот плоштад

Денеска во Скопје ќе бидат одржани мирни протести во знак на солидарност со протестите на Волстрит кои денеска се одржуваат и на глобално ниво. Целта на овие протести е да се укаже на финанските бенефиции на малубројната елита и алчноста на светските корпорации и финансиски моќници.
Во Скопје протестите ќе се одвиваат по мотото е „Заземи го скопскиот плоштад“!. Еден од повикувачите на протестите, Предраг Ристиќ вели дека тој и неговите приврзаници се согласуваат со луѓето кои го окупираат Волстрит оти е време кога како што вели мора да се најдат начини за да се подобри квалитетот на живеење.