Директен контакт САД - Иран

Викторија Нуланд

Соединетите Држави соопштија дека се во директен контакт со Иран во врска со обвинувањата дека иранската влада е поврзана со обидот за атентат врз саудијскиот амбасадор во Вашингтон. Портпаролот на Стејт Департментот, Викторија Нуланд не соопшти други детали. Иран полу-официјално демантира дека имало директен контакт меѓу двете земји.