Премиерите на Чешка, Унгарија и Полска, по денешниот состанок во Прага изјавија дека ќе се спротистават на договорот за асоцијација меѓу Украина и Европската Унија се додека е во затвор екс премиерката Јулија Тимошенко. Тројцата премиери оценуваат дека е доведен во прашање почитувањето на човековите права во Украина.