Филе - 2011 добра за евро интеграциите на Србија

Serbia -- EU Enlargement Commissioner Stefan Fuele (L) addresses the media after meeting with Serbian Prime Minister Mirko Cvetkovic in Belgrade, 14Oct2011

Евро комесарот за прошируање, Штефан Филе денеска во Белград изјави дека порача 2011. е добра година за реформските процеси во Србија.
Филе истакна дека Европската унија ќе отпочне преговори со Србија за членство, откако ќе бидат подобрени односите со Приштина и ќе се постигне напредок во дијалогот.
Еврокомесарот по седницата на Советот за европска интеграција на Владата на Србија на која присуствуваше ги пофали реформските напори на српските власти, истакнувајќи ја целосната соработка со Трибуналот во Хаг и важните чекори направени во насока на помирување и јакнење на соработката во регионот.