Ставревски - со инвестиции и кредити против кризата

Преку зголемени капитални инвестиции и прилив на свежи средства од странство по поволни услови е начинот на кој Македонија ќе се справува со ризикот што европската криза го носи врз македонската економија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Договор за заем меѓу Град Скопје и ЕБОР за финансирање на реконструкцијата на улицата „Првомајска“.
Министерот додаде дека состојбата во Грција нема да се поправи на краток период и оти би било веројатно предимензионирано да се очекува дека некој некому нешто ќе надомести во однос на штетите што ги предизвикува кризата.
Во врска со износот кој е потрошен за Пописот, министерот Ставрески истакна дека законска обврска на Државната пописна комисија е во рок од три месеци да подготви извештај за вкупната реализација и износот на средства потребни за негова реализација.