Одложено чистењето на кампот на демонстрантите во Њујорк

U.S. -- Occupy Wall Street protesters clean Zuccotti Park ahead of an eviction notice issued by New York Mayor, New York, 13Oct2011

Властите во Њујорк соопштија дека го одложуваат чистењето на паркот во Менхетен каде што се стационирани речиси еден месец демонстрантите во Њујорк кои претходно го одбија барањето на властите да го напуштат местото.
Тое протестираат против корпоративната алчност, која, според нив е главната причина за економските проблеми на Соединетите Држави. Инаку, движењето Окупирај го Вол Стрит веќе се прошири и во повеќе други држави во светот.