Над 3.000 жртви во Сирија

Шефот за човекови права на Обединетите Нации Нави Пилај изјави денеска дека во насилствата на анти-владините протести во Сирија, досега загинале над 3 илјади луѓе. Пилај повика на меѓународна акција за да биде спречена граѓанска војна во таа земја, бидејки само во последниве десет дена загинале над 100 луѓе. Деновиве од Сирија се јавува и дека се поголем број на офицери и војници дезертираат од сиријската армија.