Министерот Попоски во официјална посета на Црна Гора

Министерот за надворешни работи на Никола Попоски

Министерот за надворешни работи на Никола Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
Шефот на дипломатијата, како што соопшти ресорното министерство, ќе се сретне со црногорскиот колега Милан Роќен, а ќе има и средби со претседателот на Собранието на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ и со премиерот Игор Лукшиќ.
На средбите се очекува да бидат разгледани севкупните билатерални односи и соработка меѓу двете држави, договорната состојба, соработката во рамки на европските и евроатлантските интеграции, како и натамошно зајакнување и унапредување на соработката на регионалните и мултилатералните организации и асоцијации.
За време на посетата министрите за надворешни работи на двете земји ќе потпишат договор за соработка во контекст на процесот на пристапување кон Европската Унија.