Серија напади во Багдад, најмалку 15 жртви

Архива

Најмалку 15 луѓе загинале, а 50 се повредени синоќа во Багдад во двојна експлозија во близина на еден пазар во сиромашен шиитски дел од градот. По првата експлозија , на местото на настанот, се собрале многу луѓе по што одекнала и втората експлозија. Овој напад доаѓа на само еден ден по серијата напади во Багдад во кои загина најмалку 23 –ца луѓе. Полицијата во Ирак соопшти дека се приведени повеќе од 300 луѓе за кои постои сомнеж дека се вмешани во нападите од средата.