Стандард и пурс го намали рејтингот на Шпанија

Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и пурс го намали рејтингот на Шпанија за едно ниво поради слабите изгледи за економски раст и ризиците со кои се соочуваат банките. Агенцијата соопшти дека шпанската економија годинава покажала „еластичност“ но дека се уште е оптоварена со висока стапка на невработеност, лоши кредитни усови, долгови на приватниот сектор, проблеми со трговските партнери на земјата.
Стандард и пурс го намалија кредитниот рејтинг на Шпанија од „АА-“ на „АА“. Претходно овој месец, агенцијата Фич и додели рејтинг од „ АА-“ на Шпанија.