Италијанскиот парламент ќе гласа за доверба на Берлускони

Силвио Берлускони

Италијанскиот парламент денеска треба да се изјасни за доверба на премиерот Силвио Берлускони, во услови кога се зголемуваат должничката криза во земјата и личните скандали на Берлускони. Ако неговата централно-десничарска коалиција ги изгуби гласовите, Берлускони мора да се повлече.
Берлускони во четвртокот изјави дека опстанокот на неговата влада е единствен начин Италија да излезе од финансиската криза.

Италија е погодена со економска криза, кредитните агенции неодамна го намалија нејзиниот рејтинг поради јавниот долг, кој е еден од највисоките во евро-зоната.
Освен тоа 75-годишниот Берлускони, се соочуваат со притисок поради неговите лични скандали. Тој се соочува со четири посебни правни случаи, поради наводи за измама, корупција и плаќање за секс со
малолетнички.