Пентагон ќе штеди, прва цел е борбениот авион Ф-35

Пентагон може да се откаже од еден од трите планирани модели на борбениот авион Ф-35 поради намалување на буџетот, рече пред пратениците, шефот на американската здружена команда, генерал Мартин Демпси. Во наредните 10 години, Пентагон мора да го намали буџетот за одбрана за 450 милијарди долари, а скапиот проект за авионите Ф-35 е прва цел на кратењата. Тоа е најскапиот проект на Пентагон на сите времиња. Дел од проектот е и развој на борбен авион Ф-35Б, кој ќе може да полетува и да слетува вертикално, како хелихоптер.