Платини бара помош од ЕУ за спас на фудбалот

Претседателот на европската фудбалска федерација Мишел Платини

Претседателот на европската фудбалска федерација Мишел Платини побара од министрите за спорт на земјите членки на ЕУ да го заштитат фудбалот од влијанијата на мафијата во местењето на натпревари.
„Фудбалот во Европа ризикува да стане жртва,ако не и роб, на обложувањата на интернет и организиранито криминал“, рече Планини при посетата на Полска за време на извлечкувањето на паровите за настап на европскиот шампионат во 2012-та. Полска и Украина се домаќини на тоа првенство. Посетата на Полска, Платини ја искористи за средба со министрите за спорт од земјите од ЕУ.
Местењето натпревари оваа година, ги потресе фудбалските лиги во Турција, Италија, Финска, Израел,Грција. Платини побара Европскиот парламент да изгласа закон со кој местењето натпревари би се сметало за кривично дело.