Стефановиќ утре ќе се сретне со Купер

Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ утре ќе се сретне со европскиот посредник во преговорите Роберт Купер. Стефановиќ изјави дека со Купер ќе разговараат за премините на Северно Косово. Тој додаде дека денешната акција на КФОР и ЕУЛЕКС за затварање на алтернативните премини покажува само дека мора итно да се пронајде решение за Брњак и Јариње.