Британија, САД и Саудиска Арабија заеднички планираат одговор за Иран

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг денеска изјави дека Велика Британија ќе работи со САД и Саудиска Арабија на договор за меѓународен одговор на обвинувањата за иранската поддршка на заговорот за атенатат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон. Хаг во својот говор пред парламентот истакна дека обвинувањата за заговорот покажуваат дека ескалира иранското спонзорство на тероризмот надвор од нивните граници. Американските власти неделава соопштија дека откриле заговор на двајца мажи за кои веруваат дека се поврзани со иранската разузнавачка служба да го убијат саудискиот амбасадор.
Саудиска Арабија соопшти дека е во консултации со други влади за спроведување санкции и дека ја разгледува можноста за да преземе „решителни чекори“.