Иванов со писмо до Баросо изрази незадоволство

Претседателот Ѓорге Иванов денeска испрати писмо до претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во кое изразува незадоволство од изоставувањето и неупотребата на придавката „македонски“ во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Во писмото е наведено дека таквата практика длабоко ги навредува чувствата на македонските граѓани поради начинот на именување на јазикот и етничката припадност и дека тоа не помага во напорите кои ги презема Македонија за изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорoт со името.
Иванов истакнува дека Европската комисија може дополнително да ја комплицира и онака сложената природа на наметнатиот спор бидејќи ги засега идентитетските одредници на македонскиот јазик и етничка припадност кои не се вклучени во процесот за решавање на наметнатиот спор воден во рамките на Обединетите нации.
Toj додава дека Извештајот на Европската комисија претставува реална оцена на состојбите во македонското општество и нивото на постигнатиот развој.