Унгарија и се закани со вето на Србија

Унгарскиот министерот за надворешни работи Јанош Мартоњи денеска во Будимпешта се закани дека ќе дојде до сериозни проблеми доколку во Србија остане на сила Законот за враќање на имотот и надомест во сегашниот облик. Мартоњи изјави дека не ја исклучува можноста Будимпешта да стави вето на одлуката за прифаќање на Србија како кандидат за членство во Европската унија за време на декемвриското гласање.
Унгарија смета дека Законот е морално, правно и политички неприфатлив и дискриминирачки кон унгарската заедница во Војводина.