Амнести - во Либија се мачени борците на Гадафи

Amnesty International logo in English

Амнести Интернешенел соопшти дека има докази дека илјадници затвореници кои се бореле за остранетиот лидер Моамер Гадафи се мачени од силите на Транзициската власт во Либија. Амнести соопшти дека Националниот Совет ветил дека обвиненијата ќе бидат истражени.
Во меѓувреме од Националниот Транзициски Совет на Либија пристигнаа противставени информации за тоа дали во Сирте е фатен Мутасим Гадафи синот на остранетиот лидер Моамер Гадафи.
Според некои членови на Советот, Мутасим Гадафи бил фатен и пренесен во Бенгази каде бил испрашуван.