Шестнаесет годишниот Ким Хан-сол, внук на претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ил, допатува во Босна и Херцеговина, каде ќе почне да се школува на Колеџот на обединетиот свет во Мостар.
Ким Хан-сол слета вчера попладне во Сараево привлекувајќи големо внимание кај новинарите и јавноста.
Тој е првиот ученик од Северна Кореја, кој ќе го посетува овој Колеџ.
Ким Хан-сол во Мостар ќе се школува и ќе живее две години и за тоа време ќе биде сместен во интернат.