Словачка вети дека ќе го ратификува европскиот предлог

Словачкиот државен врв

Главните политички партии во Словачка денеска постигнаа договор за да го одобрат предлогот за зголемување европскиот фонд за финансиска помош на еврото. Лидерот на опозициската партија Роберт Фицо изјави дека Словачка ќе го ратификува предлогот за спас од должничката криза до петок најдоцна без проблеми. Тој додаде дека со овој договор се согласиле на предвремени парламентарни избори. ЕУ денеска ја повика Словачка итно да оддржи ново гласање за предлогот зголемување на европскиот фонд за финансиска подршка на еврото. Вчера словачкиот парламент го отфрли планот, по што падна и владата во Словачка. Во заедничкото соопштение на претседателот на Европската Унија Херман вон Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо е наведено дека зголемувањето на спасувачкиот фонд е во интерес на земји од еврозоната вклучувајќи ги и словачките граѓани.