Украинските власти се правдаат за пресудата на Тимошенко

Украинскиот министер за правда Александар Лавринович денеска изјави дека седумгодишната казна за поранешната премиерка Јулија Тимошенко треба се намали. Тој додаде дека пресудата е фер но смета дека таа добила построга казна. Тој додаде дека решение за тоа ќе се бара во парламентот, односно Собранието да направи измени во законот со кој се опфатени случаи слични на оној на Тимошенко. Забелешките на министерот следуваат по критиката на меѓународната заедница за исходот од судскиот процес против Тимошенко. Таа најави дека ќе поднесе жалба на пресудата следната недела.