Борисов: Бугарија и Романија ги исполнија сите услови за Шенген

Романија и Бугарија комплетно ги исполнија условите за влез во Шенгенската зона. Ова денеска го изјави во Букурешт бугарскиот премиер Бојко Борисов.Тој истакна дека двете држави целосно ги исполниле критериумите од Мастрихт и оти се „сто отсто подготвени да ги бранат шенгенските граници“.
Двете држави денеска ќе потпишат документи што се однесуваат на контрола на границите како и за меѓусебно поврзување за транспорт на природен гас. Премиерот на Романија Емил Бок изјави дека ќе се формира заеднички совет на високо ниво кој ќе има состаноци секоја година