Расте бројот на загинати во Багдад при серија напади

Најмалку 30 луѓе загинале, а над 50-тина се ранети при денешната серија бомбашки напади низ Багдад. Ирачките безбедносни сили соопштија дека цели на напаѓачите се полисциски станици. Во понеделникот најмалку 10 луѓе загинаа во три самоубиствени бомбашки напади во Васхаш. Се уште никој не преземал одговорност за нападите.