Бајден: Иран е одговорен за заговорот за убиство на амбасадот во Вашингтон

Американскиот заменик претседател Џо Бајден денеска изјави дека Иран ќе се смета за одговорен за обвиненијата за заговорот за убиство на амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон. Забелешката на Бајден доаѓа откакао администрацијата на Барак Обама соопшти дека се консултира со други држави околу начини за дополнително изололирање на Иран.
Американските власти соопштија дека откриле заговор на двајца мажи за кои веруваат дека се поврзани со иранската разузнавачка служба да го убијат саудискиот амбасадор.
Потпаролот на еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон, Маја Коцијанчиќ изјави дека доколку се потврдат наводите за заговор, тоа значи кршење на меѓународното право и може да донесе сериозни меѓународни импликации.