САД и Британија разговараат за нови санкции против Иран

Велика Британија и Соединетите Држави разговараат за воведување на дополнителни санкции против Иран по американските наводи за заговор на двајца мажи поврзани со иранската разузнавачка агенција за убиство на саудискиот амбасадор во САД. Портпарлот на британскиот премиер Дејвид Камерун соопшти дека двете земји се консултираат за да преземат акција и додаде дека ќе ги поддржат сите мерки кои ќе го натераат Иран да преземе одговорност за своите постапки.