ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија

Европската комисија денеска во Брисел ќе го претстави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија и на другите земји од регионот, кандидати и потенцијални кандидати за влез во ЕУ. Се очекува земјава повторно да добие препорака за почеток на преговори за членство. Комисијата на денешниот состанок ќе го прифати т.н. пакет за проширување, кој содржи извештај за напредокот на сите земји, како и стратегија за проширување за наредната година.