Назначен нов шеф на УНМИК

Новиот шеф на УНМИК Фарид Зариф

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го наименува авганистанскиот дипломат Фарид Зариф за шеф на Мисијата на ОН во Косово- УНМИК и за свој специјален претставник во Приштина. Зариф, кој досега беше вршител на должноста шеф на УНМИК, на тоа место ќе го наследи Италијанецот Ламберто Заниер, кој на чело на мисијата беше до јуни годинава.