Јанукович: Пресудата за Тимошенко не е конечна

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска изјави дека пресудата за поранешната премиерка Јулија Тимошенко не е конечна и дека таа има право да се обрати до Апелациониот суд. Јанукович најави можни измени во законот со цел да се декриминализира обвинението против неа а со тоа се појавува и можноста да се класифицира случајот како административен. Судот во Киев ја осуди Тимошенко на 7 години затвор и да плати 190 милиони долари на државната фирма Нафтогас. Таа беше обвинета за злоупотреба на овластувања кога и наредила на Нафтогас да потпише договор со Русија за снабдување со гас во 2009 година.Евроспката унија и меѓународни организации изразија разочарување од пресудата