ОН бара Израел да ги заштити Палестинците

Канцеларијата на Обединетите Нации за заштита на човековите права соопшти дека изралеските безбедносни сили најверојатно употребиле прекумерна сила врз Палестинците при судир на доселениците со жителите на селата во Западниот брег. Организацијата ја повика еврејската држава да ги заштити Палестинците и да спроведе истрага за напад на израелските доселеници врз жителите во селото Ќусра во близина на Наблус. Потпаролот на комесарот за човекови права Нави Пилај, Руперт Колвил изјави дека во изминативе неколку недели имало најмалку 6 напади кои ги спровеле доселениците. При последниот судир меѓу жителите кога интервенирале израелските безбедносни сили загинал еден Палестинец а 6 мина се ранети.