Меѓународните организации се разочарани од пресудата за Тимошенко

Меѓународната организација „Амнести Интернешнл“ денеска ја оцени пресудата за поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко како „политички мотивирана пресуда“. Во меѓувреме ОБСЕ изрази разочарување од пресудата и побара целосна транспарентност во второстепената постапка. Тимошенко откако судот ја израче казната, го осуди режимот на престедателот Виктор Јанукович и најави дека ќе ја обжали пресудата на Евроспкиот суд за човекови права. За време на изречувањето на пресудата пред судот поддржувачите на Тимошенко се судрија со полицијата.