Грција ќе добие 8 милиони евра во ноември

Грција најверојатно ќе ја добие следната транша за спас од меѓународната помош на почетокот на ноември. Ова е наведено во заедничкото соопштение на преговарачите од Европската Унија, Европската Централна Комисија и Меѓународниот монетарен фонд. Грција ќе ги добие 8-те милијарди евра откако еврогрупата и управниот одбор на ММФ ќе ги одобрат заклучоците од петтиот извештај. Во продожение на соопштението е наведено дека успехот од продолжувањето на програмата ќе зависи од мобилизирањето на адекватно финансирање од приватниот и јавниот сектор.