Дебата во словaчкиот парламент за фондот за спас на еврозоната

Словaчкиот парламент денеска отвори дебата за дали треба да го одобрат предлогот за зголемување на фондот на Европската Унија за финансиска помош за еврозоната. Одлуката на Словачка за овој пакет е клучна затоа што е потребен консензус од 17 земји членки на еврозоната за да се овозможи зголемување на ингеренциите на Европскиот фонд за финансиска стабилизација. Една од партиите во владината коалиција се закани дека ќе гласа против овој предлиг а без нејзиниот глас предлогот нема да помине во Собранието.