Седум години затвор за Тимошенко

Јулија Тимошенко

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска беше осудена на седум години затвор. Судот во Киев пресуди дека таа ги надминала своите овластувања кога и наредила на украинската фирма Нафтогас да потпише договор со Русија за снабдување со гас во 2009 година. Тимошенко беше обвинета од сегашната влада на претседателот Виктор Јанукович дека со овој договорот Украина била оштетена за над 188 милиони долари. Тимошенко ги негираше наводите и оцени дека станува збор за политичка одмазда на Јанукович.