Путин во Кина

Рускиот премиер Владимир Путин пристигна во Пекинг на дводневна посета која се очекува да биде фокусирана врз енергетски и трговски прашања. Руската влада соопшти дека двете страни планираат да потпишат неколку договори во вредност од 7 милијради долари. Путин кој е во придружба на делегација од 160 членови во текот на денов треба да се сретне со премиерот Вен Џиабао, а утре со претседателот Ху Џинтао.