Улични протести во Чикаго

Чикаго

Илјадници демонстранти, вклучувајќи учители и верски лица, протестираа во центарот на Чикаго против економската нееднаквост. Притоа полицијата уапсила 27 демонстранти кои седеле на улица и пееле ,,Спасете ги нашите училишта, спасете ги нашите домови,,. Протестите беа инспирирани од движењето Окупирање на Вол Стрит што во минатиот месец почна во Њујорк.