Кувајт ја призна независноста на Косово

Митровица

Кувајтските власти денеска соопштија дека го признаваат Косово како независна држава и оти со Приштина ќе воспостават дипломатски односи на амбасадорско ниво. Претседателот на кувајтскиот Парламент Јашим Мухамед ал Харафи за време на престојот во Приштина во изминатиот викенд, најави дека Кувајт ќе ја признае прогласената независност на Косово.