Се очекува конечна пресуда во случајот Тимошенко

Јулија Тимошенко

Илјадници подржувачи денеска се собраа пред судот во Киев каде се очекува изрекување на конечната пресуда во случајот против екс -премиерот на Украина Јулија Тимошенко. Таа е обвинета за злоупотреба на службената положба откако наводно наредила државната фирма "Нафтогаз" да потпише договор со руски "Газпром" во 2009 година. Договорот, според актуелниот претседател Виктор Јанукович, ја принудило Украина да плаќа премногу. Тимошенко, од друга страна, тврди дека станува збор за политичка одмазда на Јанукович.