Меѓународната заедница ги осуди немирите во Египет

САД денеска повика на воздржаноста во Египет по насилните судири при кои загинаа најмалку 24 луѓе загинаа а над 200 се ранети. Белата Куќа соопшти дека мирната транзиција на власта мора да продолжи и дека египетскиот народ кој ка креира својата иднина треба да ги почитува и малцинските права. Европските лидери изразија загриженоста за синоќешните судири во Египет и повикаа да се почитуваат верските слободи.
Немирите започнаа на протестите на коптските христијани против нападите не една црква од страна на муслиманите. Демонстрантите фрлале камења и молотови коктели. Насилството од центарот на градот се проширило до плоштадот Тахрир.