Русија бара поактивна улога на САД во борбата против дрога

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека САД влијаее врз проблемот во Русија со ХИВ/Сида со тоа што одбива да ги употреби безбедносните сили да ги уништи културите од кои се произведува опиум во Авганистан. Лавров ова го изјави на конфернција во Москва каде што претставници од Источна Европа и Централна Азија разговараат за заразни болести. Тој додаде дека не е доволно да се борат против употребата на дрога туку треба и да се спречи нејзино ширење. Авганистан е меѓу првите во светот што произведуваат култури од кои се прави опиумот, односно клучната состојка во производството на хероинот. Русија се соочува со епидемија на сида која се пренесува кај зависниците со користење на иста игла.