Нови 30 жртви во Сирија

Сириските активисти за човекови права тврдат дека најмалку 30 луѓе загинале вчера при судири со безбедносните сили. Во нивното соопштение е наведено дека 17-мина од загинатите се војници кои биле убиени при судирите со дезертерите кои одбиле да отворат оган врз демостранти. Според податоците на Обединетите Нации во изминативе неколку месеци над 2 900 луѓе загинале во протестите против режимот на претседателот Башар Ал Асад.