Иран и руската Гаспром го раскинаа договорот

Иран го раскина договот со руската Гаспром поради постојаните одложувања на компанијата за развој на нафтената област Азар. Шефот на иранската нафтена компнија Ахмад Ќалеби изјави дека неколку пати ја предупредиле Гаспром дека треба да почне со работи на проектот, но како што вели предупредувањата не стигнале до нив. Гаспром и иранската компнија го потпишаа договорот во 2009 та за развој на нафтеното поле Азар. Ќалеби додаде дека ирански компании ќе го преземат проектот од Гаспром.