Кипар ќе преседава со ЕУ независно од заканите на Турција

Турскиот Премиер Реџеп Таип Ердоган

Кипар ќе го преземе претседателството со ЕУ во јули 2012 година независно од отпорот и заканите од страна на Турција, изјави кипарскиот претседател Димитрис Христофиас.
Неодамна турскиот премиер Реџеп Ердоган предупреди дека односите на Анкара со ЕУ ќе бидат целосно замрзнати ако Република Кипар го преземе ротациското претседателство со ЕУ без пред тоа да се реши кипарскиот проблем.
Шефот на кипарската држава изјави дека следните месеци ќе бидат определувачки за мировните преговори за решавање на проблемот за островот.