ЕУ за поцврсти санкции против Белорусија

Александар Лукашенко

Европската унија денеска ја разгледува можноста за проширување на санкциите против авторитарниот режим на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Министрите за надворешни работи на Унијата на состанокот во Луксембург се очекува да дадат зелено светло за замрзнување на имотот на над 190 луѓе, блиски на режимот во Белорусија. Холандскиот министер Ури Розентал пред состанокот изјави дека Лукашенко мора да сфати дека е неопходно да ги ослободи сите политички затвореници и да ја намали репресијата врз опозицијата.