Доналд Туск повторно премиер на Полска

Полскиот премиер Доналд Туск

Доналд Туск ќе биде првиот полски премиер по падот на комунизмот во 1989 година кој ќе служи два мандата по ред на функцијата. Неговата граѓанска платформа освои речиси 40 насто од гласовите на вчерашните парламентарни избори, според податоците на изборната комисија. Партијата на правото и првадата на Јарослав Качински освои 30 насто од гласовите.
Финалните резултати ќе бидат објавени утре, но Туск веќе ја објави победата, а Качински поразот.